fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски-исплатени се субвенциите за млекото

Субвенции има и за задржано женско јагне, јаре како и за предадено женско јагне во регистрирани кланични капацитети.

Од вчера на сметките на 5.357 млекопроизводители се исплатени 112.6 милиони денари за произведено и предадено млеко за три месеци од 2022 година и тоа за  јули, август и септември.

Субвенции се исплатени и за задржано женско јагне, јаре како и за предадено женско јагне во регистрирани кланични капацитети. По овој основ Плтежната агнеција исплатила средства во вредност од близу 80 милиони денари.

Сепак она што е најважно за сточарите, одгледувачи на овци е дека следува извозот на јагниња пред Божиќните празници.

-Околу 8.500 јагниња што се за продажба достасуваат за католички Божик односно 14, 15, 16 декември, кога се очекува да биде и шпицот на извозот. За овој период се очекува жибва мера јагне да достигне повисока цена -односно 300 денара за килограм, со оглед на приликите во опкружувањето и во Италија како  основен таргет пазар за нашиот производ. Освен тоа, нашите информации говорат дека можеби по прв пат имаме најскладно јагне за италијанскиот пазар односно со просечна тежина до 20 кг. Најмногу јагниња се очекува да бидат откупени од Пелагонискиот регион, исто така од Малешевијата значителна бројка, велешко нешто помалку и западниот дел од државава, вели  Ѓеоргиев, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци за Зелена берза.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close