fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски-Субвенции за над 58.000 корисници во вредност од милијарда денари

Со посветеноста на службите на АФПЗРР и поддршката од МЗШВ ќе продолжи успешната реализација на мерките, а финансиската поддршка ќе ја добие секој земјоделец кој ги исполнил условите за истата, без разлика на вера, нација или политичка припадност.

Почитувани земјоделци и сточари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги реализираше последните исплати од програмата за земјоделство за 2023 година.
22.562 полјоделци добија финансиска поддршка од 4️⃣0️⃣3️⃣.7️⃣ милиони денари.
Финансиска поддршка од 10.000 денари по хектар добија и производителите на градинарски култури. За таа цел се издвоени 6️⃣5️⃣.3️⃣ милиони денари за 9155 корисници.
9.462 овоштари се поддржани со 1️⃣3️⃣1️⃣.8️⃣ милиони денари или 12.000 денари / хектар.
Основната субвенција за оддржување на лозов насад изнесува 12.000 денари по хектар а исплатата на оваа мерка опфати 12.876 корисници кои добија 1️⃣5️⃣1️⃣.2️⃣ милиони денари.
Над 4300 млекопроизводители ја добија финансиската поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од октомври 2022 – април 2023 година. За премијата за млеко се исплатени 2️⃣7️⃣8️⃣ милиони денари.
Во еден ден е исплатена финансиска поддршка за над 58.000 корисници во вредност од 1️⃣ милијарда денари.
Со ова ја затвораме 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година како година со апсолутно најголема поддршка и најдобра реализација на владините програми.
Со имплементација на програмите за директни плаќања, рурален развој, рибарство и аквакултура, интервентен фонд, поттикнување на потрошувачка на свежо овошје и ИПАРД програмата – поддршката за македонското земјоделство и рурален развој надмина 1️⃣5️⃣0️⃣ милиони евра.
Се исплатија авансните субвенции, го забрзавме темпото на исплата за премијата за млеко, се додели поддршка за многу ноби трактори, комбајни, земјоделска механизација, нови насади, системи за наводнување, плати за задруги, плати за овчари, грантови за млади и жени како и поддршка на локалните самоуправи за инфраструктурни проекти.
Финансиски го поддржавме и проектот за дистрибуција на свежо овошје за 38.000 деца од градинките ширум земјава кои еднаш неделно добиваа праски, кајсии, јаболки, сливи и круши со што ги поттикнуваме здравите навики во исхраната кај децата.
Први во регионот го стартувавме ИПАРД 3 со објавен јавен повик со буџет од 3️⃣0️⃣ милиони евра. Паралелно продолжи имплементацијата на ИПАРД 2 и се склучија нови договори за финансиска поддршка со преработувачката индустрија.
Продолжуваме со иста динамика и во новата 2️⃣0️⃣2️⃣4️⃣ година. Со посветеноста на службите на АФПЗРР и поддршката од МЗШВ ќе продолжи успешната реализација на мерките, а финансиската поддршка ќе ја добие секој земјоделец кој ги исполнил условите за истата, без разлика на вера, нација или политичка припадност.
Среќни празници !
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close