fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Не се исплатени над 200 тутунари што се должници по разни основи и 26 што не доставиле трансакциска сметка

ВАЖНО! ВАЖНО!!! Прочитајте зошто мал дел тутунари не зедоа субвенции

Директорот на Платежната генција Никица Бачовски за Зелена берза потврдува дека исплатата на субвенциите за 17.000 тутунари  за реколтата 2021 е завршена, освен за  26 тутунопроизводители кои при апликацијата не доставиле трансакциска сметка, како и за над 200 тутунопроизводители кои се должници по разни основи.

Бачовски потврдува дека реализирани субвенциите за произведен и предаден тутун од реколта 2021 година

На сметките на над 17.000 тутунари се исплатени близу 1.3 милијарди денари по основ на директни плаќања за произведен и предаден тутун во преработувачки капацитети.
Исплатата е извршена врз основ на податоци за предадени количини во преработувачките капацитети.
Висината на директните плаќања изнесува :
8️⃣0️⃣ денари / кг за I класа
7️⃣0️⃣ денари / кг за II класа
6️⃣0️⃣ денари / кг за III класа

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close