fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Следуваат субвенции за градинарство и тутун и исплати од Интервентниот фонд

Ќе има исплата и за набавени ѓубрива, заклани јагниња, гоеници, несилки за јајца од Интервентниот фонд.

По вчерашната исплата на субвенции за овоштарите, следуваат субвенции за градинарство и тутун и првите исплати од Интервентниот фонд.

-Обработката на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот се во завршна фаза. Околу 1,3 милијарди денари би била исплатата, но ќе ја објавиме и точната пресметка. Во моментот службите имаат зголемен ангажман околу Интервентниот фонд, но во периодот што следи ќе има исплата на субвенции за градинарите и тутунот од програмата за Директните плаќања. Исплата за набавени ѓубрива, заклани јагниња, гоеници, несилки за јајца од Интервентниот фонд. И покрај зголемениот ангажман се ќе биде завршано во најдобар ред, потврдува за Зелена берза Бачовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close