fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Филип Камчев од Карбинци- добитник на грант од 10.000 евра за малите винарии

Вложуваме многу во винскиот сектор, а резултатите од нашите мерки веќе ги гледаме, вели Николовски. .

Министерот Љупчо Николовски е во посета на малата семејна винарија Киево, кај  Филип Камчев, во Карбинци, успешен добитник на грант поддршка од 10.000 евра за малите винарии, во набавка на опрема за произвдоство.
Вложуваме многу во винскиот сектор, а резултатите од нашите мерки веќе ги гледаме.
Денеска имаме рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, ширум целата држава.
Поддржани со грант 145 мали винарии. Ако до 2019 година сме имале 71, денес имаме вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата.
Донесовме целосно нов закон за вино, кој на лозарите, за прв пат, со закон им ја гарантира цената на винското грозје, како и нова посебна програма за финасиска поддршка за лозарството и винарството.
Ние сме винска земја со вредни лозари и ентузијасти како Филип, кои од убавото наше грозје, го прават најубавото вино, по кое светот не препознава.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close