Бачовски: Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна поддршка од близу 150 милиони евра
Во делот на сточарското производство, реализирани и исплатени се основните и дополнителните субвенции за одгледувачите на овци, основните плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, како и директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
„Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што претставува 68%, од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство“, изјави Бачовски.
Покрај успешната реализација на авансната исплата кон сите земјоделци АФПЗРР, до сега усешно, кон земјдоелците ја има реализирано поддршката за оддржување на лозови насади и остварено производство на грозје. Потоа поддршката за оддржување на овошни насади и остварено производство на овошје, мерката дополнителни 3 денари за предадена јаболка во откупни центри или преработувачки капацитети. Исплатена кон земјоделците е и финансиската поддршка за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури, без и со користен сертифициран семенски материјал како и финансиската поддршка за производство на градинарски култури.
Во делот на сточарското производство, реализирани и исплатени се основните и дополнителните субвенции за одгледувачите на овци, основните плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, како и директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици.
„Во перидот што следи, АФПЗРР ќе продолжи со реализација на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, директните плаќања за органско производство, за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности, како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци, согласното законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување“, изјави Бачовски.
Тој дополни и дека со завршувањето на контролите, на лице место, кај откупните претпријатија, ќе следува и исплатата на дополнителните директни плаќања, за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.
Во овој период АФПЗРР ги подготвува потребните административни процедури и системски подесувања за почеток на новата кампања, за поднесувања на барања за финансиска поддршка на субвенции, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
„Државната поддршка во земјоделството, преку субвенционирање на земјоделците е најсилен инструмент за поттикнување и зголемување на производството на храна и обезбедување сигурност и оддржливост на македонското земјоделско производство. Со годишна поддршка од близу 150 милиони евра, преку програмите за директни плаќања, националните и европски програми за рурален развој, целиме кон профитабилни земјоделци и конкуретно производство за домашните потреби и за побарувањата на странските пазари“, изјави Бачовски.