Бардакоски-Временските услови се погодни за житните култури
Влагата и температурата која што е се движи над 5 степени е оптимална за раст и развој на житните култури, според нашите информации ова значи добра жетва, вели Зоран Бардакоски, раководител на АПРЗ Битола.
Временските услови позитивно влијаат на засеаните житни култури во Пелагониско засеани на повеќе од 15 илјади хектари површина, од кои најголем дел се под пченица, а околу 4 илјади хектари се под јачмен.
-Влагата и температурата која што е се движи над 5 степени е оптимална за раст и развој на житните култури, според нашите информации ова значи добра жетва, вели Зоран Бардакоски, раководител на АПРЗ Битола.
Според Бардакоски во овој период од растот на житните култури е соодветното ѓубрење, прихрана која се спроведува најчесто со азот, како важен за развој на класот, што значи доброто и правилно ѓубрење ќе овозможи зголемен принос за повеќе од 20% како и квалитет на житните култури, смета тој
Апелот од стручните лица е земјоделците за своите посеви да користат сертифициран семенски материјал за да добијат поголем принос од засеаната култура.
-Апелираме да не се користат репродукции заради тоа што со користење на сертифициран семенски материјал се овозможува полн капацитет, полн генетски потенцијал на самиот семенски материјал, така што ќе биде во полза на земјоделецот, односно во полза на квалитетот и квантитетот на неговото производство, рече Бардакоски.
А.Б