fbpx
Вести

Болестите на животните ќе не направат вегетаријанци

bolestite na zhivotnite kje ne napravat vegetarijanci

По забраните за увоз на пилешко од повеќе региони во Хрватска, Унгарија, Австрија, Холандија, Данска, Шведска, Израел и од Полска, најновите забрани се однесуваат за свинско од делови на Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Италија и на говедско од региони на Бугарија, Грција, Хрватска и од Косово

Јазлеста кожа кај говеда, птичји грип кај кокошки и пилиња, африканска чума кај свињи се само дел од болестите што пустошат по европските земји. Нивното нагло ширење го стеснува кругот за увоз на месо во земјава на десетина земји, каде што болеста се уште не е појавена. Поради наглото ширење на болеста, Агенцијата за храна во последниот „Службен весник” забранува увоз на говедско месо од повеќе региони во Бугарија, Грција, Хрватска и од Косово заради спречување внесување на вирусот на болеста јазлеста кожа кај говедата во земјава. Во исто време се забранува увоз на свинско месо и негови производи од делови од Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Италија поради опасност од пренесување на болеста африканска чума. Пред десетина дена беа воведени забрани за увоз и транзит на живина и диви птици, но и на производи и нуспроизводи од нив од региони во Австрија, Холандија, Данска, Шведска и Израел, но и на увоз на пилешко месо од региони во Хрватска, Унгарија и Полска. Увозот се забранува заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца или птичји грип. За Данска опасноста доаѓа од област 10 км од Копенхаген, а од Хрватска потенцијална опасност доаѓа од фарми што потекнуваат од Вуковарско-сремската област во Хрватска, во која инаку има повеќе за нас познати месни капацитети.

Увозниците претпазливи

Увозниците на месо во земјава велат дека мора да бидат многу претпазливи.

– Стеснет е ременот околу многу земји. Затоа мора многу да се внимава. За кратко време се појавија низа опасни болести, што влијае многу на нашето работење. Секојдневно се менува состојбата и забраните се шират вели еден од увозниците. Во Агенцијата за храна посочуваат дека секојдневно се следат известувањата на европско и светско ниво.

– Забраните се нужни за да се заштитиме од ширење на болеста. Co ова решение се преземаат безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо. Исто така забраната важи за други производи што содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во земјава велат во Агенцијата. Исклучок при увоз се прави кај производи каде што свинското месо е идентификувано со посебна здравствена ознака во која во центарот на печатот дијагонално се вкрстуваат две прави линии и со која се овозможува податоците понатаму да останат читливи. Исто така дозволени за увоз се производите и подготовките од свинско месо, кои се подложени на третман што го елиминира здравствениот ризик кај животните од африканска свинска чума. Можат да се увезуваат и производи што биле подложени на природна ферментација и зреење во период не помал од 9 месеци за обезкостено месо.

Возилата со кои се врши транспорт на свињи или нуспроизводи добиени од свињи кои потекнуваат од одгледувалишта што се наоѓаат во областите за кои важи забраната за да влезат во земјава, мора да се исчистени и дезинфицирани и превозникот треба да обезбеди доказ за тоа, а камионите со кои се врши превоз на живи животни мора да имаат пломба ставена од официјален ветеринар на местото на товарање децидна е Забраната.

Забрана и за млеко и колострум

Што се однесува до увоз на говедско месо од утврдените региони, забраната важи и за увоз на семе, јајце-клетки и ембриони од говеда. He смее да се увезува ниту колострум, млеко и производи од млеко од говеда. Се забранува и увоз на кожи. Исклучок се прави само ако животните се вакцинирани против болест јазлеста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање, животните на одгледувалиштето се клинички прегледани на денот на товарање и при тоа не покажале знаци за присуство на болест.

Секое возило кое се користи за транспорт на говеда и диви преживари и кожи за да влезе во земјава, мора да биде запечатено од официјален ветеринар по товарањето за испраќање, а транспортот треба да се одвива под официјален надзор директно, без застанување, освен периодот за одмор, кој е пропишан во Законот за благосостојбата на животните, кој се одвива на контролен пункт. По истоварот на говедата возилото и секоја друга опрема што била користена за време на транспортот треба да се исчистат, дезинфицираат и третираат со одобрени инсектициди, кои се ефикасни против болеста стои во Правилникот за увоз.

Тагови

Слични написи

14 Comments

  1. Skąd mam wiedzieć, z kim mój mąż lub żona rozmawia na WhatsApp, to już szukasz najlepszego rozwiązania. Podsłuchiwanie przez telefon jest znacznie łatwiejsze, niż myślisz. Pierwszą rzeczą do zainstalowania aplikacji szpiegowskiej w telefonie jest uzyskanie telefonu docelowego.

  2. Hello there! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization?
    I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m
    not seeing very good gains. If you know of any please share.
    Kudos! You can read similar blog here: Dobry sklep

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close