Агро бизнисБез категоријаВести
Бектеши-35 денари плус за тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите
Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите.
Откупната цена на тутунот од прва класа “ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година ќе биде повисока за дополнителни 35 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Оваа одлука по мислење на Министерството за економија беше усвоена на денешната седница на Владата.
Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите.
Носиме одлуки во интерес на тутунарите, објави министерот Бектеши.