fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бектеши: Наплатата на струја во Арачиново е над 87 отсто

Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа како гостин во студиото на МРТВ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа како гостин во студиото на МРТВ рече дека е зголемена наплатата на потрошена електрична енергија во Арачиново, но и дека и натаму важи договороот со ЕВН според кој на граѓаните им се оставила можност претходните долгови да се плаќаат на рати.

– Долгот не е простен. Направен е рамковен договор од ЕВН кон сите потрошувачи за одреден период  да се исплаќа. Тоа е затоа што имаше проблеми во делот на фактурирање од ЕВН кон потрошувачите. И тоа не се случува само во Арачиново., рече министерот.

Според Бектеши со новопоставената технологија на наплата и пресметка на потрошена електрична енергија, наплатата на ЕВН во Арачиново се зголемила од 20 на 87 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close