вестиТоп вести

Привршува издавањето евидентни листови за тутунопроизводство

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, од почетокот на месецов досега веќе има издадено околу 8.500 евидентни листови за тутунопроизводителите од Прилеп и од Долнени и уште 1.000 евидентни листови се издадени преку канцеларијата во општина Кривогаштани, а утре е последен ден за издавањето евидентни листови за годинашново тутунопроизводство.

Зоран Пачешкоски, рабоводител на подрачната единица, информираше дека денеска и утре ќе се работи по цел ден додека има тутунари на кои им требаат евидентните листови, како своевидни лиценци за годинашново производство.

– Ќе работите максимално ангажирано се додека има заинтересирани тутунари и имаат потреба од евидентните листови. За трите општини вкупно се издадени околу 9.500 евидентни листови. Во 24-те работни дена од почетоков на месецов дневно се издаваа по околу 400 евидентни листови. Законскиот рок за завршување на процесот е 31 март, објаснува Пачешкоски.

Поради последните две добри години за тутунарите, ланската реколта целосно е откупена по просечна цена од 214, а претходната реколта имаше просечна цена од 217 денари за килограм, сега е зголемен бројот на површините на кои ќе се сади тутутнот во прилепскиот регион.

– Годинава се очекува тутунот во овој регион да биде засаден на околу 7.000 хектари, за 500 хектари повеќе од лани. Оваа е последна година, зашто догодина, со законските измени, издавањето бели картони се укинува, изјави Пачешкоски.

Ланската реколта во целост е исплатена. Во тек е расадопроизводството, а воедно, сите откупни компании почна да потпишувата договори со тутунарите за новата реколта. 

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close