Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за исто толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,022 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 41,007 денари.
Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,465 отсто, кај дизелот за 2,506, кај екстра лесното масло за 2,274 и кај мазутот за 1,512 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,309 отсто