fbpx
ВестиМакедонија

Бензините поевтинуваат за половина денар

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за денар

РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 отсто во однос на цените од пред една недела. Во малопродажба цените на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 дени за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар. Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 денари за килогрaм и сега ќе изнесува 35,393 денари.

Така, од ноќеска на полноќ, Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 69 денари, а литар Еуродизел БС (Д-Е V) за 56,50 денари. Новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 45,50 денари за литар, а Мазутот М-1 НС ќе чини 35,393 денари за килограм.

РКЕ соопшти дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување на: бензинот за 1,595 отсто, дизелот за 2,875 отсто, екстра лесното масло за 3,023 отсто и на мазутот за 2,952 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,066 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close