ВестиМакедонија

За викендот ќе се задржи стабилно време, во недела зголемување на облачноста

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно време, во утринските часови со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со засилен јужен ветер и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне. Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close