fbpx
Агро бизнисВести

Бензините поскапи за половина, дизелот за еден денар

Од вечерва на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати, просечно за 1,15 отсто, односно од половина до еден денар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 68,50 денари/литар, бензинот Еуросупер БС -98 по 70,50 денари/литар, а Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 61,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 61,00  денар за литар, а мазутот М-1 НС 35,237 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close