Вести
Берењето шумски плодови како бизнис
Се зголемува бројот на семејства во Малешевскиот регион кои заработуваат од плодовите кои ги дава природата. Правење на сокови, слатка од диви јагоди, малини, капини, боровинка и аронија на пет семејства во Беровскиот регион им е семеен бизнис.
Илчо Христов од Берово веќе 22 години егзистира од берење и пласирање на производите кои ги има во малешевските шуми.
Христов вели дека од производите од шумските плодови има за да добро егзистира неговото семејство. Со години си нашол и пласман на своите производи за кои вели дека се органски и набрани во планината. Како што се зголемуваат муштериите, така и го зголемил производството.