Бесими: Tие што трошат помалку, ќе добиваат пониски цени на струја
Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими околу преземените мерки на РКЕ во изминатиот период и околу новата цена на струјата, која треба да стартува од утре – 1 јули.
Со новата методологија, се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката и да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими околу преземените мерки на РКЕ во изминатиот период и околу новата цена на струјата, која треба да стартува од утре – 1 јули.
Министерот го поздравува и фактот од воведувањето на четирите блок тарифи.-Тоа значи дека тие што помалку трошат, имаат пониска цена и така секое ниво на тарифа. Веќе ги имате пресметките и кога ќе биде официјално, ќе видиме каков е ефектот на блок тарифите во однос на ДДВ-то. Владата даде препорака и треба да знаеме дека постапува во две основи – едно е како носител на политиките, а друго е како сопственик на ЕСМ. Владата им даде препораки на Управниот одбор со цена пониска на цената на чинење. Со блок тарифите се таргетира поддршката за електрична енергија за домаќинствата со пониски примања и се постигнува тие што трошат помалку, да добиваат пониска цена, кажа Бесими на настан по повод потпишувањето договорот за инвестициски грант.