fbpx
ВестиВино

„Домен лепово гранд куве“ ново суперлуксузно македонско вино на „Тиквеш“

„Домен лепово гранд куве” е новото суперлуксузно македонско вино од портфолиото на премиум брендот „Домен Лепово” на винарската визба „Тиквеш”. Виното претставува мешавина од три висококвалитетни сорти грозје „вранец”, „каберне совињон” и „мерло”. За својствата и аромите на ова вино придонесува и неговото одлежување во времетраење од 18 месеци што се одвива во специјални француски барик-буриња кои се користат само за виното од една берба. За секоја наредна берба се користат нови буриња.

domen lepovo grand kuve novo superluksuzno makedonsko vino na tikvesh

 

Целокупниот процес на производство се одвива во бутик-винарницата „Домен Лепово“, која е во рамките на самиот посед каде што се лоцирани лозјата . Имотот „Лепово” се карактеризира со субмедитеранска клима, со долги сончеви и топли денови и кратки и релативно топли ноќи во периодот од јуни до крајот на октомври кога грозјето ја добива својата полна зрелост. Лозјата на локацијата Лепово се на надморска висина од 250 метри. Поради близината до реката Вардар тие се изложени на постојан благ, топол ветар повардарец, кој го носи влијанието на Медитеранот и овозможува лозовите насади да бидат во совршена здравствена состојба, што придонесува за постигнување висок, константен квалитет на грозјето.

tikves-580x334

„Домен лепово гранд куве“ се произведува во лимитирана серија од 20.000 шишиња. Поради атрактивноста и извонредно високиот квалитет, ова вино е позиционирано во високиот ценовен сегмент и ќе биде достапно само на најзначајните светски пазари, како и во ограничен број угостителски објекти и неколку специјализирани продажни објекти во земјава.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close