fbpx
Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

Бесплатна помош за аплицирање за трактори од програмата на „СИНПЕКС“ Битола

„Синпекс“ Битола информира дека врши бесплатна подготовка на апликацијата за земјоделците кои се заинтересирани да аплицираат на јавниот повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

„Синпекс“ Битола информира дека врши бесплатна подготовка на апликацијата за земјоделците кои се заинтересирани да аплицираат на јавниот повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

Максимална поддршка по корисник изнесува 600.000 денари.

Доколку земјоделците се заинтересирани за програмата што ја застапува Синпекс Битола, односно за тракторите од брендот  Тафе, Џон Дир…  да се јават на следните броеви, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Здравко – 070 307 – 560

Нино    – 078 328 – 340

 

-Апликацијата за повикот ја изработуваме бесплатно, земјоделците ќе добијат информации кои документи им се потребни, апликацијата ќе се прати од моментот на поднесување до Платежната агенција, па се до добивањето и исплатата на финансиската поддршка

 

Отворете линк да ја погледнете понудата на СИНПКЕС Битола https://sinpeks-shop.mk/

 

На 6 јуни Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик бр.04/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

Мерка 121.8 – Набавка на трактори

-Максимална поддршка по корисник изнесува 600.000 денари;

-Поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план;

-Јавниот повик се однесува исклучително за набавка на трактори – приклучната земјоделска механизација не е покриена;

Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Земјоделци кои во претходните десет години користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата или Националните програми за рурален развој, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Крајниот рок за доставување на барањата е 07.07.2025 година

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close