Без агрохемиска анализа на почвата не треба да се почне сеидбата алармираат агроексперти

(Oвој напис е објавен на: April 24, 2019)

 

Пред  стартот на сеидбата на градинарските култури, дали на отворено или под пластеници, земјоделците да извршат агрохемиска анализа на почвата. Земјоделците треба да знаат во каква кондиција е почвата, кои култури може да ги храни  и кои микро и макро елементи и се потребни. Вака апелира професор доктор  Ристо Вучков кој смета дека мора да се применуваат научните анализи во земјоделството ако сакаме поконкурентно земјоделско производство. Како што тврди тој,  земјоделците  агрохемиска анализа прават најчесто при подигнување на нови овошни и лозови насади пред се за добивање на субвенции, бидејки тогаш  се бара  доказ за извршена анализа на својствата и елементите на почвата каде ќе биде насадот.

,,Факт е дека не се прават анализи .Многу малку земјоделци доаѓаат и прават агрохемиска анализа на почвата пред  да подигне насад. И понатаму земјоделците по свое видување употребуваат ѓубрива без да знаат во каква кондиција е почвата.  Некаде се фрла ѓубриво иако почвата има хрнливи елементи а некаде спротивно. Ова е пред се заради слабата едуцираност на земјоделците. Мора да знаат дека пред секој нов производствен циклус мора да се направи анализа. Само на тој начин ќе дознаат каква е состојбата со микро и макро елементите во почвата. Дали е потребен азот, фосфор, калиум во кој процент ,, вели професр д-р Ристо Вучков од Струмица кој смета дека треба контуинирана едукација на земјоделците

Според него во последно време, науката како да има тампон зона со примената на новите практиките во земјдоелството. Па така и анализата како научен метод што треба да се прави на почвата не само од исцрпеност туку и заради се поизразените климатските промени  од обилни дождови до долготрајни сушни периоди не се става како приоритет. Вучков смета дека тоа се фактори кои се одрзуваат на квалитетот на почвата каде треба да има сезонски или повеќегодишни насади и имат влијание и на приносите и за можната појава на болести.

,, Сметам дека треба да се размисли агрохемискаа анализа на почвата треба да биде услов за добивање субвенциии по засеана површина. Пријавуаваш пиперки доказ дека си направил агрохемиска анализа. Така земјоделците ке бидат директна линија со агорномите кои може да им укажат дека таа почва не е погодна за пиперки или пак е погодна, но треба да се потхрани со тие и тие лементи . На тој начин земјоделците нема да се изложуваат на дополнителни трошоци во врска со губрењето  а  индиректно ќе знаат и има ли опасност од заболувања,, вели Вучков

Боби Стојанов од Гечерлија никогаш не извршил агрохемиска анализа на почвата  од нивите што ги поседува. Сади пиперки од сортата куртовска капија на отворено, компир, бостан но и под пластеници домати, но никогаш не направил анализа во каква кондиција е почвата.  Засеаните култури ги потхранува во консултација на лица вработени во земјоделсктие аптеки  или  пак во констултација со други земјоделци.

,, Сум слушнал дека се врши  агрохемиска анализа на почвата  но никогаш не сум направил, а имам околу 2  хектари земјиште кое го обработувам. Знам што почва имаме овде и во контуинитет го ѓубрам со ѓубрива кои татко ми ги користел или пак ми даваат совети агрономите од аптеките, што треба да фрлам на пиперките, што на бостанот или пак доматите или тутунот.  Не сум имал потреба да направам анализа оти не  ротирам со насадите,  бостан садам се на едно место па и со пиперките ,,вели Стојанов од Гечерлија кој вели дека со правењето анализа агрономите само парите ќе  им ги земат, а ништо нема да им помогнат.

Земјоделските здруженија сметаат дека земјоделците треба да ги менуваат навиките и да почнат науката да ја применуваат во земјодлеството . На средбите тоа го укажувале, но сметаат дека   улогата на едукатор треба да ја преземат државните институции пред се Агенциајта за потикнување на развојота на земјоделството па дури и Министероството за земјодлество кои станаа  апарати само за субвеници.

,, Сметаме дека треба тие постојано да се на терен да укажуваат и да ги советуваат земјдоелцие да тропнат а не да чекаат во канцеларии да им дојде земјоделецот . Ние постојано доцниме со примената на новитетите во земјоделството.  На западот не може да се замисли садење култура без агрохемиска анализа. Таму се прават и тестови на земјата и за време на вегетативниот раст и развој на растенијата. Ние тука  сите се правиме агрономи и на своја рака преземаме се,, вели Ристо Велков.

Цената на една  агрохемиска анализа на почвата чини околу 2000 денари . Од неколку места на парцелата се земаат примероци од почвата од длабочина од 15 сантиметри и се испитуваат  својствата на почвата, но и кои елементи ги поседува. Врз основа на добиените резултати и културата што треба да се посади се фрла и соодветно ѓубриво, односно ѓубрива со потребните активни елементи.

В. Трајков

 

 

 

 

 

Share Button