fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

(Видео) Без субвенции не можеме да преживееме!

Ако не се субвенциите од државата 180.000 семејни земјоделски стопанства ќе престанат да произведуваат храна

Земјоделците контра бизнисмените.Слабиот резултат во земјоделскиот сектор е поради ниските откупни цени на нивните производи, а не заради моделот на државни субвенции. Секоја промена на начинот на субвенционирање треба детално да се анализира заедно со земјоделците пред да се донесе одлука.

„Ниските откупни цени кои што со години наназад повеќето големи откупувачи ги нудат за земјоделските производи го доведоа македонскиот земјоделец во позиција да биде понижен и  да работи за да преживее. Ако не се субвенциите од државата 180.000 семејни земјоделски стопанства ќе престанат да произведуваат храна“, велат од Националната федерација на фармери.

Како држава станавме зависи од увоз на производи кои можеме да ги произведуваме поради откупните цени кои едвај ја покриваат реалната цена на производот велат од синдикатот на земјоделци од струмичкиот регион.

“Една од најважните мерки при самото производство во земјоделството било да станува збор за растително или животинско производство, најважно е  нашиот земјоделски прозиводител да постигне цена производот барем неколку проценти повеќе од цената на чинење на самиот производ. Нашите производи не ги достигнуваат ни цените на самото производство имаме драстично намалување целиот аграрен сектор“, рече Ристе Велков – Претседател на синдикат на земјоделци.

Предлогот на Стопанската комора е промена на модулот на субвенционирање наместо по површина, субвенции да се даваат по килограм производ. Според нив државата во изминатите години има доделено една милијарда евра субвенции на земјоделците, а овој сектор нема постинато никаков резултат.

Извор: https://alsat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close