вестиТоп вести

Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

(Oвој напис е објавен на: декември 2, 2019)

По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, Бимилк организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола. Имено, децата од Заводот ја посетија фармата „Пивко“ во селото Могила, каде што на интересен начин одблизу се запознаа со патот на млекото, а истовремено и се забавуваа.

Од стручните лица во фармата и со помош на толкувач на знаковен јазик, децата од Заводот, преку прошетка низ фармата, научија нешто повеќе за првата фаза од производството на нивното омилено Битолско млеко. Преку дружење со кравите, надвор од училишните клупи, децата учеа за исхраната и грижата за кравите, како услов за добивање висококвалитетно млеко. Тие имаа можност да ги помилуваат и да ги нахранат малите телиња и кравите, а со тоа и да ја развијат својата љубов кон нив, но истовремено и својата љубов кон млекото и млечните производи.

Бимилк, како компанија што секогаш се грижи за децата и за нивниот раст и развој од секаков тип, оваа година одлучи Светскиот ден на детето да им го посвети на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор ’Кочо Рацин‘ од Битола. Оваа посета беше организирана со цел директно запознавање со првичната фаза од млечната индустрија низ еден интересен начин. Искрено, верувам дека оваа едукативна посета на краварската фарма не само што им го разубави секојдневието на децата од Заводот за рехабилитација, туку беше и можност да научат многу нови работи за производството на млекото“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Изразуваме искрена благодарност до Млекара АД Битола за организацијата и реализацијата на оваа едукативна посета наменета за децата со оштетен слух, говор и глас од Заводот за рехабилитација ’Кочо Рацин‘. Ваквиот тип посети се од исклучително значење за образовниот процес на децата, како и за нивниот професионален развој. Се надевам дека соработката со Бимилк ќе продолжи и во иднина преку реализација на вакви и слични активности“, изјави д-р Валентина Стојкоска, директор на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола.

Бимилк и во минатото го одбележуваше Светскиот ден на детето преку донации на свои производи и едукативни работилници за најмалите, а тоа ја прави една од општествено одговорните компании во државата што во фокусот ги имаат токму децата.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close