
Битолчанец стана милионер – Освои џекпот вреден 6,6 милиони денари
Празнична радост за П.Ѓ. од Битола
Празнична радост за П.Ѓ. од Битола, кој на 14 февруари 2025 ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка – Супер милионер џекпот, вреден 6.604.025 денари. Една од најчесто играните игри, „брнинг хот“ се покажала како среќна и во неговиот случај. Добивката е освоена на видеолотарските терминали „Евротип“ во Битола.
– Видеолотарија Касинос Австрија му честита на најновиот добитник на Супер милионер џекпот. Му посакуваме со радост да ужива во фантастичната добивка за која силно веруваме дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина – велат од Касинос Австрија.
Оттаму додаваат дека во периодот од 10 до 16.02.2025 има 5 добитници на Милионер џекпот кои заедно поделиле 7.737.571 денари. Супер добитната седмица е заокружена со Мини џекпот добивки, чиј вкупен износ достигнал 2.207.003 денари.