fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битолска фирма ја дуплира добивката. Профитот достигна 794.000 евра!

Компанијата внимавала на мотивацијата на своите вработени. Трошоците за плати во 2024 година растат за 126.000 евра и достигнуваат 1,32 милиони евра.

Битолската Фабрика за квасец и алкохол покажа дека одличен резултат може да се оствари и кога се намалени приходите од продажба. Успеаја да направат рационализација и кратење на трошоците на двете најкрупни групни расходни ставки и со тоа ја дуплираа добивката, пишува faktor.mk

Битолската Фабрика за квасец и алкохол, единствена таков производител во Македонија, покажа дека може да се зголемува и кога се крати. Менаџментот на таа компанија успеа да ја удвои добивката во 2024 година кратејќи ги трошоците и намалувајќи ја продажбата во спроедба со 2023 година.

Нето профитот на битолска Квасара за 2024 година изнесува 794.000 евра и тоа е двојно подобар резултат од 2023 година. Остварен е со намалена продажба, но што е поважно со значајно кратење на трошоците.

Приходите од продажба лани изнесуваат 10,5 милиони евра. Тоа е за 841.000 евра помалку од претходната 2023 година. За потрошен материјал компанијата во 2024 година платила 5 милиони евра и на тоа менаџментот заштедил 1 милион евра. Значаен рез е направен и кај останатите оперативни расходи. За таа ставка во тек на 2024 година се платени 2,3 милиони евра, а се заштедени 898.000 евра во споредба со 2023 година.

Така на овие две најголеми расходни ставки Квасара заштедила 1,9 милиони евра односно во целост го анулирала падот на продажбата лани во споредба со 2023 година.

Но затоа пак компанијата внимавала на мотивацијата на своите вработени. Трошоците за плати во 2024 година растат за 126.000 евра и достигнуваат 1,32 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close