fbpx
Вести

Битолска млекара ја завршува годината со едукација на своите фармери

Битола, 20.12.2018 г. – Во рамките на активностите за унапредување на соработката со своите партнери, Млекара АД Битола организираше наменска панел-дискусија со своите најголеми фармери-кооперанти, со цел информирањеза промените во законската регулатива и пренесување на позитивни искуства од земјите со напредно фармерско производство.

Компанијата ги запозна фармерите со начините како би можеле да ги подобрат своите фармии квалитетот на своето сирово млеко, со цел да ги исполнат највисоките стандарди за квалитет, користејќи ја стручната помош на Бимилк.

Гости на панел-дискусијата беа и Борче Петковски, инспектор во Агенцијата за храна и ветеринарство, кој детално ги презентираше барањата и измените во законската регулатива во насока на приближување кон регулативата и стандардите на ЕУ, како и проф. д-р Љупче Кочоски, деканот на Биотехничкиотфакултет во Битола, кој пак презентираше практични аспекти на модерно фармерство, запознавајќи ги фармерите на кој начин можат да ги исполнат и одржат критериумите за прва категорија на фарми.

Панел-дискусијата ја заврши директорот на суровина во Млекара Битола, Драган Илиевски, кој ги презентираше најновите светски трендови во млечното говедарство, како и можностите за примена на истите во македонски услови, со цел унапредување на фармите и олеснување на поважните операции на фармата со примена на механизација, автоматизација, компјутеризација и каде е можно роботизација.

„Млекара Битола ќе остане доследна на определбата да ги поддржи своите фармери и сите оние кои ќе изразат јасна намера и желба да работаат заедно со нас на унапредување на своите фарми. Ние ќе продолжиме да ги стимулирамепартнерите да инвестираат во својот бизнис на многу различни начини и сакаме да потенцираме дека имаме заеднички цели, затоа што само со домашна здрава сировинска база, Бимилк може да смета на сигурна иднина“, изјави Драган Илиевски, директор на суровина во Бимилк.

 

На настанот официјално беше потпишан и договор за деловно техничка соработка помеѓу Бимилк и Биотехничкиот факултет во Битола, со кој всушност се продлабочува нивната соработка токму и во насока на заедничка поддршка и развој на млекопроизводителите.

 

Инаку поддршката која ја дава Бимилк за своите фармери се состои од повеќе различни стимулативни мерки, вклучително поддршка за инвестирање вомодерна земјоделска механизација наменета за производство на сточна храна, подобра шталска и молзна опрема, млечни грла стока со подобра генетика или автоматизација и компјутеризација на нивните фарми. Истовремено, на своите партнери компанијата им нуди и стручна помош, со цел поддршка при проектирање на нови фарми, но и за унапредување, одлучување и примена на мерките за постигнување на нивните цели.

 

Од Бимилк потенцираа дека со инвестирање во иднината на своите фармери, компанијата практично инвестира и во својата иднина и токму затоа има за цел да придонесе за што поголема продуктивност, економичност, а со тоа и поголема профитабилност на своите кооперанти.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close