fbpx
ВестиТоп вести

КУПОВНА МОЌ: Час и 15 минути работат за килограм месо

Граѓаните на Србија за да купат веш машина им требаат 11 работни денови, за телевизор 8, а со просечна плата можат да купат 4.000 јајца и тон брашно.

Платите статистички растат, но и трошоците, а повисока куповна моќ од просекот имаат граѓаните на Белград, Смедерево и Крагуевац.

Во другите градови, платите не се доволни за потрошувачката корпа.

За килограм шеќер граѓаните работат 11 минути, за литар млеко 15 минути, за килограм компири 15 минути, за јогурт од 1 литар 18 минути, 19 минути работат за масло за јадење, за килограм свинско месо час и 15 минути, за килограм кафе 3 часа и 27 минути.

За колограм чоколадо Србите работат 3 часа и 6 минути.

 

 


faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close