fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСоветиТоп вести

Битолски „СИНПЕКС“ даде поддршка на спортот кај најмладите преку детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ

ФОТОГАЛЕРИЈА- СИНПЕКС даде важност на производство на храна кај новите генерации и грижа за околината

Компанијата „СИНПЕКС“ Битола  ја поддржа детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ како поддршка на спортот кај најмладите и како резултат на определбата како компанија да им ја приближат важноста на производство на храна на новите генерации и грижата за околината во која живееме

Битола викендов беше сведок на најмасовниот детски спортски настан во градот досега. Над 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ која се организираше по втор пат.

Минатата година учествуваа 380 учесници. Оваа година, тој број се зголеми речиси тројно.

“Затоа се одлучивме да бидеме нивна поддршка. Имавме и свој тим со име МИНИ-ФИНИ СИНПЕКСИНИ кој ја истрча својата прва трка и имаше огромна возбуда.

За сите посетители имавме направено chill zone со осмислена програма која опфаќаше градинарство, па така децата садеа садници кои ги обезбедивме од нашите пријатели GREEN GARDEN CENTER, а главна атракција беше малиот трактор (модел) за кој се чекаше ред од момчињата да биде “испробан” – истакнуваат од комапнијата.

Ова се настани кои го имаат вниманието на СИНПЕКС, а поддршката доаѓа и како резултат на нивната определба како компанија да им ја приближат важноста на производство на храна на новите генерации и грижата за околината во која живееме.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close