fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

После 22 години, шумските полицајци добија за 30 отсто повисока плата

Со новиот Колективен договор, за првпат, системски се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, го потпиша Колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со новиот Колективен договор, за првпат, системски се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција. Исто така за првпат се регулира правото за добивање на додаток во висина од 30% за компонента, ниво за Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат.
Денеска, Независниот синдикат на шумските полицајци упати јавна благодарност до сите кои кои имаа трпение и веруваа во заедничките заложби за остварување на поголеми плати и права за Шумската полиција.
Министерот Хоџа упати честитки до сите шумски полицајци, со надеж за нови заеднички професионални успеси.
Ова нека биде дополнителен мотив за уште посилна борба против криминалот и корупцијата, со цел искоренување на безправната дива сеча на нашите шуми.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close