fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Битолското обвинителство ќе ја истражува набавката на скапите адитиви за РЕК Битола

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола.

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола. ИРЛ на 13 јуни објави истражување во кое откривме како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни набавки за потребите на термоелектраните на јаглен во Битола и Осломеј во Кичево, објавува https://irl.mk/

„Основното јавно обвинителство Битола веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува дел од наводите кои ги споменувате во вашите текстови“, соопштија од Јавното обвинителство. 

Оттаму додаваат дека обвинителството во Кичево се уште нема донесено одлука дали ќе отвори предмет за набавките, но ги испитува индициите за сомнеж за сторени кривични дела.

„Основното јавно обвинителство Кичево ги слeди информациите и доколку утврди дека постојат елементи на кривично дело во надлежност на ова обвинителство, ќе постапи согласно своите надлежности и ќе нареди проверки и на тие набавки.“ 

Службеничката Маја Јорданова вработена во АД Македонски пошти доби милионски тендери од АД ЕСМ за набавка на адитиви за термоелектраните. ИРЛ откри дека адитивите набавени од Италија на државната компанија ѝ биле продадени по цена три пати повисока од пазарната.

Целиот текст на https://irl.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close