fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битолското обвинителство влезе во домот на Сашо Дранго

Дранго треба да даде исказ во обвинителството во текот на оваа недела

БИТОЛА – Битолското обвинителство направило претрес во домот на Сашо Дранго, заменик- директорот на „Македонијапат“, по истрагата за фотографијата со отепаната мечка. Оваа недела Дранго ќе биде повикан на распит во обвинителството да ја каже намерата за објавата на фотографија со оружје в рака и со мртвата мечка.

Што е најдено при претресот кај Дранго во Демир Хисар засега не се знае. Според податоците од претходно на СВР Битола, тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје. Прашање е чија е пушката со снјаперски нишан, која Дранго ја држи в рака на спорната фотографија, и дали нашле оружје во неговиот дом по нецели два месеци од инцидентот.

„ОЈО Битола во континуитет од оформувањето на предметот презема дејствија со цел обезбедување докази. Во таа насока издаде повеќе наредби до МВР од кои по дел сѐ уште се постапува. Пријавениот треба да даде исказ во обвинителството во текот на оваа недела, кај него по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. Обвинителството проценува врз основа на доказите со кои располага надлежниот обвинител во која фаза од постапката се врши распит на пријавено лице во секој предмет поединечно“, изјавија од ОЈО Битола за „Независен“.

Денеска политичката партија Левица соопшти дека поднесла кривична пријава против заменик-директорот на „Македонијапат“, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст. (4) од Кривичниот законик.

Извор https://nezavisen.mk/

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close