fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Мерките почнуваат од февруари, ќе има и за субвенции на плати

Со петтиот сет економски мерки ќе бидат поддржани најпогодените компании. За оваа намена во Буџетот за 2021 година се обезбедени 50 милиони евра. Реализацијата на Петтиот сет економски мерки согласно плановите ќе започне во февруари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување на 24 Анализа на Телевизија 24.

Нов пакет на економски мерки за граѓаните и компаниите за справување со последиците од коронакризата веќе креира Владaта.

„Со петтиот сет економски мерки ќе бидат поддржани најпогодените компании. За оваа намена во Буџетот за 2021 година се обезбедени 50 милиони евра. Реализацијата на Петтиот сет економски мерки согласно плановите ќе започне во февруари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување на 24 Анализа на Телевизија 24.

„Првично обезбедивме Буџет за 2021 година во П1 програмата преку која се спроведуваат мерките за Ковид 19 и имаме обезбедено 50 милиони евра. Мерките веќе ги дизајниравме и ќе бидат таргетирани секторски каде пандемијата имала најголемо влијание на намалување на приходите и на отпуштање на работници и слично“ кажа Бектеши. Министерот потенцираше дека мерките како и досега ќе се креираат во соработка со Стопанските комори во рамки на јавно-приватниот дијалог.

„Сите мерки и предлози ќе бидат дискутрани со Стопанските комори, ќе ги собереме сите предлози кои доаѓаат од различни институции, вклучително и на Министерството за економија и на почетокот на февруари, во согласност со нашите планови и динамика ќе излеземе со мерките и ќе почнеме да ги реализираме“ кажа министерот.https://faktor.mk/vo-budzetot-i-ima-50-milioni-evra—merkite-pochnuvaat-od-fevruari-kje-ima-i-za-subvencii-na-plati

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close