вестиМакедонијаТоп вести

Коронавирусот го остави Македонското јагне во трлата

Коронавирусот ја прели чашата на сточарите полна со проблеми. Велат дека пред велигденските празници не можат да го продадат јагнето, а тоа што го продаваат е по многу ниска цена.

Од Сојузот на овчари на Македонија, велат дека ако лани продале над 130 000 јагниња сега не ќе можат да продадат и 40 000. Цените се многу ниски и со секое продадено јагне сме во загуба, ако се земе во предвид дека цената на кило јагнешко жива мера изнесува 120 денари ,а цената на чинење е 180 денари, велат оттаму.

-Ова кај нас е секоја година проблем,сега јас потполно се согласувам за болеста и најпрвин треба да имаат предност луѓето, но и тие луѓе треба да јадат, дека 15 % од луѓето се занимаваат со сточарство, и тие јагнињата што ги ранеле треба да се платат. Сега нема ни извоз јагнињата никој не ги зема, а цената е од 110 до 120, а цена на чинење е 180 денари. И сега нели донесоа мерка за поголема субвенција за женско јагне, тоа е многу добра мерка, ама кој ќе ја преживее таа мерка, дека ако го оставиш да живее тоа женско јагне, ти пак тоа јагне ќе мора да го раниш и тоа е многу проблематично во криза во каква што се сточарите. Затоа мора владата да размислува за овчарите како што тоа го прави на пример Србија и Хрватска, дека народот пак треба да се храни, дека таму кај нашите соседи има огромни субвенции за сточарите. Ургентно Владата треба да ги санира загубите. Некој што чувал стока барем да му се ублажат загубите, ние не бараме којзнае што. Ние бараме интервентни мерки барем да се даде нешто на сточарите, вели Меѓит Амити потпретседател на Сојузот на овчари.

Сточарите велат дека сега за сите е тешко, но мора на сите да им се помага подеднакво да нема загуби. Бројките на грла овци се намалуваат поради старите, но и новите проблеми.  

Сега јас ова стално сум го кажувал ние сме имале 2 милиони овци , а сега немаме 300 000. Ако продолжат досегашните државни политики кон сточарите тешко и тие овци да останат. Дека плаќаш 500 до 600 евра овчар а продаваш јагне 110 до 120 денари и сега од каде рачунот кога и сирењето го продаваш 220 денари.И кај кланичарите е лоша состојбата. 500 овци моментално имам, а јас две години не сум  зел субвенции и не знам како ќе издржиме. Субвенциите треба да ги даваат во септември за да можеме да ја преживемее зимата, вели сточарот Зијадин Зендулаи од Шарпланинското село Селце

Од Сојузот сметаат дека треба да се укине и забраната за извоз на жива стока која е воведена уште во поранешна Југославија, поради појава на болеста шап и лигавка. Сега таква болест нема одамна појавена, а забраната се уште стои на штета на сточарите. Тие не можат да ја продаваат стоката жива надвор од нашата земјата, јагнето го даваат на четирите кланици, кои како монопол ја диктираат цената додаваат од Сојузот.  

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close