fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Бизнисот бара нови индустриски зони во Штип

Штипските општински индустриски зони полни, компаниите бараат нови локации за бизнис.

Штипските општински индустриски зони полни, компаниите бараат нови локации за бизнис. Од општината очекуваат да направи нова индустриска зона и да овозможи продажба на поголеми парцели. Иако корона кризата им ја изеде добивката од 30-50%, дел од нив не се откажуваат од нови вложувања.

Размислуваат за алтернативни бизниси откако се покажа дека пандемијата и затворањето на државите најмногу удри по трудо-интензивните гранки, кожарството и текстилството што се доминатни во Штип. Но нови погони размислуваат да отворат и фирми од други дејности.

Освен подобра комуникација со целиот регион со нова индустриска зона на потегот кон Скопје, ќе се овозможи полесно поврзување на гасоводната мрежа што ќе значи плус во намалување на производните трошоци. Од општина Штип велат дека локацијата на новата индустриска зона ќе зависи од новиот Генерален урбанистички план што според најавите треба да биде готов за еден месец.

Штип има две општински и една приватна индустринска зона. Во непосредна близина на Штип на 208 хектари се простира и државната ТИР зона. Таму има 37 парцели, но досега во неа работат само три компании со странски.https://www.24.mk/details/biznisot-bara-novi-industriski-zoni-vo-shtip

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close