fbpx
Вести

БЛОКАДИ НА ПАТИШТА Земјоделците дадоа рок од 24 часа за субвенциите, потоа најавуваат „селанска буна“

zemjodelci

По вчерашните протести и блокади на патиштата на земјоделците од цела Македонија, даден е рок од 24 часа за исплата на субвенциите. Ако тоа не биде спроведено, тие најавуваат блокади на повеќе градови во земјата и на Скопје

На вчерашните протести во Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод, Кавадарци, Росоман и други места земјоделците побараа итна исплата на парите за субвенциите од 2015 и 2016 година. Тие велат дека земјоделските работи се во тек и парите им се неопходни за тековното работење.

За денеска се најавени поголеми протести пред Министерството за земјоделство во Скопје.

Министерот Михаил Цветков вчера изјави дека застојот во исплатата е поради колизијата на законите за избори и за земјоделство и рурален развој, и оти на средба во Министерството за финансии ќе се бара решение на проблемот. Тој вети исплата на 50-те милиони евра преостанати средства за субвенции до 31 мај.


 

МКД

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close