ВестиМакедонија

Блокирањето на петтиот пакет економски мерки го кочи и бришењето на каматите за долговите кон јавни институции

Како дел од петиот пакет економска помош наменета за ранливите категории на граѓани министерката Шахпаска го наведе бришењето на  камати кон јавни институции и претпријатија.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Студио 10 на ТВ 24
-Како дел од петиот пакет економска помош наменета за ранливите категории на граѓани министерката Шахпаска го наведе бришењето на  камати кон јавни институции и претпријатија. „Преку мерката, со законски измени , јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, општините и  сите други институции од јавните дејности ќе треба да им ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100%. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја,“ рече Шахпаска.
Таа посочи дека со петиот пакет економски мерки се опфаќаат  сите категории на граѓани. Покрај директната помош кон граѓаните, преку мерките директно се влијае на зачувување на работните места, што претставува приоритет на  министерството и на владата во оваа криза.
„Очекувам дека разумот ќе проработи и дека на пратениците ќе им проработи свеста, затоа што сепак ние сме во служба на граѓаните и ние мора да одговориме на нивните потреби и барања, “ истакна министерката коментирајќи за блокадата во Собранието а со тоа и доцнењето на економската помош предвидна со петиот пакет економски мерки. https://nezavisen.mk/blokiranjeto-na-pettiot-paket-ekonomski-merki-go-kochi-i-brishenjeto-na-dolgovite-kon-javni-institucii/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close