fbpx
Вести

Блокирани сметките на оризопроизводителите за ненаплатена камата за наводнувањето

oriz

Извршители им ги блокираа сметките на повеќемина земјоделци во кочанскиот регион, откако не им била наплатена каматата за наводнување на земјоделското земјиште.

Еден од нив е и 57 годишниот оризопроизводител Милан Трендов од Кочанското село Оризари, кој вели дека долгот за наводнување од 2015 и 2016 година му е наплатен преку исплатата на субвенциите. Но, каматата за овие две години од 1.500 денари ја бара Јавното претпријатие Водостопанство, па на почетокот на годинава му пристигнал и допис од извршителот, кој сега му зема 12.800 денари.

Овој земјоделец се прашува зошто при наплатата на долгот не му е и наплатена каматата, па сега му е блокирана сметката.

Директор на Водостопанство Брегалница, Дени Митров вели дека се информирани за проблемот, но како ново раководство неможат ништо да интервенираат за решенијата кои им пристигнале од извршителите.

Трендов кој од дете е земјоделец и откупувач на ориз вели дека оризопроизводителите едвај преживуваат поради ниската откупна цена, а од година во година се намалуваат и површините засеани под ориз.


 

телма.ком.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close