„Боки Змај “  од с. Иванковци, Велес на „Денот на полето јачменот и пченицата“ во Осиек

(Oвој напис е објавен на: June 7, 2019)

 

 

Во присуство на стотина деловни партнери и и претставници  на земјоделски компании од земји, главно од Југоисточна Европа Земјоделскиот институт во Осиек го организираше својот  традиционален настан  “ Ден на полето, пченицата и јачменот“.

На демонстративните полиња  беа презентирани резултатите од научно – истражувачката работа на Институтот  во  областа на одгледувањето и производство на семе. Директорот на Земјоделскиот институт во Осиек, Звонимир Здуниќ, истакна дека оваа институција поседува над 50 проценти од  површините  во Хрватска со свои сорти и хибриди, а асортиманот се дистрибуиран низ цела Европа, Азија и Африка.

Квалитетното  семе е основа за успешно земјоделско производство. Ваквите настани се од големо значење , да се види на лице место до каде стигнала науката и генетиката во служба на развојот на земјоделството. На овој настан присуствуваше  и „Боки Змај“ ДЗТУ  од с. Иванковци, Велес . Сопственикот на оваа фирма Ивица Стојчев е голем производител на житни култури и  знаејќи колку е важен семенскиот материјал редовно посетува вакви манифестации како во државата така и надвор од неа. За оваа реколта   „Боки Змај“ житните култури ги има застапено на 500 ха. Најмногу го има застапено јачменот на 400 ха по што следуваат пченицата и сончогледот. Покрај овие култури застапен е анасонот на 20 ха и останатото е лозје.

Климатските промени се повеќе укажуваат на потребата од нови сорти на пченица  кои ќе може да опстојуваат и да даваат добри приноси. Земјоделскиот институт во Осиек веќе 88 години спроведува  програма за одгледување на пченица, додека првата пченица била  претставена во производството пред 83 години.

П.Ј.