fbpx
Вести

Болеста Јазлеста кожа кај говедата засега е присутна само во источниот дел на земјата

Од појавата на болеста Јазлеста кожа кај говедата кон крајот на минатиот месец, во земјава, досега евидентирани се 53 жаришта на болеста во 14 општини, главно во источниот дел на Република Македонија (Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево, Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија, Македонска Каменица).

bolesta jazlesta kozha kaj govedata zasega e prisutna samo vo istochniot del na zemjata

 

Во жариштата, позитивни се 62 грла, односно кај нив болеста Чвореста кожа е лабораториски потврдена, а афектирани или сомнителни се 829 говеда. Заклани и нештетно уништени досега се 362 говеда.

Бројот на заболени и афектирани животни од болеста Чвореста кожа претставува 0,3% од вкупната популација говеда во земјава, што споредбено со соседните земји (Бугарија и Грција) каде исто така е присутна болеста е далеку помала бројка во споредба со бројот на заболени животни во овие земји кој достигнува до 7,5 илјади говеда.

„Навреме се преземаат сите мерки за заштита и за спречување на ширењето на болеста Чвореста кожа кај говедата која засега е присутна само во источните региони. Наскоро треба да пристигне вакцината против болеста Чвореста кожа со која во Република Македонија ќе бидат вакцинирани сите говеда“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Тие апелират до сточарите да се придржуваат до дадените препораки од Агенцијата за храна и ветеринарство за заштита на животните и фармите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close