fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Болеста „Њукастел” ги коси гулабите во Струмичко, надлежните апелираат на време да се вакцинираат со евтина вакцина

Одгледувачите на гулаби во Струмичко се жалат дека нивните јата се покосени од болеста „Њукастел", која во нашата држава се појави минатиот месец и засега е регистрирана само во Скопје.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство болеста е пренесена преку птици од Турција. Не се пренесува на човек, но е високосмртоносна за живината и предизвикува големи економски штети во живинарството.

Гулабарите велат дека кај нивните миленици се појавува вртоглавица, вкочането крило и дијареја и набргу умираат.

-Кај мене умреа околу четириесетина гулаби од вкупно 120, но тука не ги ставам младите гулаби кои угинаа во гнездата во гулабарникот. Можеби на прв поглед не е толку страшно, но одгледувачите на гулаби трпат и финансиска штета, бидејќи еден добар македонски вртач, стар над три години, чини над 500 евра, вели Тодор Маџаров, претседател на Здружението „Македонски вртач” од Струмица и долгогодишен одгледувач на овој вид гулаби, но и други птици и животни.

Ни покажа и еден бел гулаб, кој ги имаше симптомите на болеста. Главата му беше свиткана нагоре, но според Маџаров може да се случи и да преживее, бидејќи досега имало и такви случаи.

И Миле Алтанџиев потврдува дека болеста „Њукастел” ја има кај гулабите.

-Моите гулаби беа меѓу првите кои беа нападнати од оваа болест, која не е нова и се појавува скоро секоја година. Пред две години изгубив цело јато кое го одгледував 25 години. За три дена ми умреа четирисетина гулаби. Истата година се појави и кај други гулабари. Годинава презедов мерки на немешање на гулабите и одгледувам само десетина гулаби. Сега поради пандемијата од коронавирусот не се движиме и не се собираме и со тоа не ги мешаме гулабите. Според моите сознанија болеста најмногу ги погодува младите гулаби, бидејќи се неотпорни, рече Миле Алтанџиев, претседател на Спортското друштво „Гулаб” од Струмица. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

 

 

Слични написи

Back to top button
Close