fbpx
Двор и градина

БОРАНИЈА – (Phaseolus vulgaris) Со добра и навремена агротехника до одличен квалитет и принос

boranija phaseolus vulgaris so dobra i navremena agrotehnika do odlichen kvalitet i prinos

Потекло значење и ботанички особини Боранијата (Phaseolus vulgaris) спаѓа во групата на мешункасти зеленчуци.Потекнува од Мексико,а во Европа е донесена во 16 век и за исхрана се препорачува поради своите биолошки и лековити состојки. Денес таа се користи за исхрана скоро во сите земји во светот. Боранијата е едногодишно растение,има добро развиен вртенаст корен,стеблото и е зелесто и различно разгрането. Плодот е мешунка со различен облик и големина,или овална,плосната,прави и повиени, а по боја ги има повеке сорти и тоа зелени,жолти и шарени. Во нашите климатски услови Боранијата најдобро успева како рана пролетна култура, кога има поволни услови за одгледување, а се одгледува и под пластеници за порано и побрзо производство. Може да се одгледува и во планински региони над 700 метри надморска височина ,или како есенска односно втора култура во ниските места. Таа е топлољубива култура не поднесува ниски температури ,така што страда и од најслаба слана,измрзнува веке на -1 0C. Семето рти и никне на температура над 100C,затоа сеењето не треба да се врши се додека почвата не се добро затопли. Оптимални услови за растење на растението се 20-250C а никне за 5-6 дена после сеењето. Летните високи температури над 300C,но и ако воздухот е сув многу штетно делува на растението му смета на оплодувањето на цветовите и заметнувањето на мешунката.Таа бара доста светлина посебно во раните фази од развојот, за да не дојде до исциглување кое подоцна се одразува на приносот. Боранијата има големи потреби од почвена и воздушна влага,во нивен недостаток доста го намалува приносот и квалитетот на мешунките ,но и тоа да кажеме да преголема влажност проследена со ладно време исто е штетна, предизвикува масовно опаѓање на цветовите и други пореметувања, што значи Боранијата најмногу и одговара умерено релативна влага на воздухот некаде од 60-70 %. Почва – Таа успева на различни почви ,но најпогодни и се оцедни и плодни почви со доста хумус,но поради осетливоста на болести најдобри и се положаи на површини со благо струење на воздухот. Осетлива е на јако кисели почви, и не треба да се одгледува на почви испод 5,5 pH. За рано пролетно сеење поволни се топли и лесни почви. Што се однесува до плодоредот Боранијата на иста површина не треба да се врати 3-4 години,најдобри пред култури и се окопните култури. Сорти – Се користат и одгледуват повеке сорти ,ниски високи како и со жолти зелени мешунки. Кај нас повеке се одгледуват жолтите сорти,и ако зелените сорти се поквалитетни. Повеке се одгледуват ниските сорти,нивното производство е поедноставно и поевтино ,но не е изоставено и одгледувањето на сорти високи кои се лозат,и од ниските и од високите сорти ги има повеке,зависи од начинот на кој сакаме да одгледуваме Ерусалимска е висока сорта со жолта мешунка,родна 150-180кгр/100м2 за берба пристигнува 65-70 дена.оваа сорта повеке се користи за домашни потреби, има неограничен пораст и е со долга вегетација и може да се користи преку целиот летен и есенски период.Оваа сорта се сее во мај на растојание 80х50 см со 3-4 семки во огниште и покрај секое огниште се поставува колец со висина околу 3 метара. Ниски сорти со жолти мешунки се златен молив која втасува за 55 дена,вики,берголд втасува за 45-50 дена ,паланечка рана,златен дожд и други. Ниски со зелена мешунка се сортите: Провајдер, Топ кроп 45 дена/принос 100-120 кгр./100м2, Харвестер 55-60 дена ,Панонка 55 дена, Сакса, Нијагара и многу други. Обично се избираат сорти со покуса вегетација а такви сорти се Берголд- жолта,топкроп-зелена и други сорти.Боранијата најчесто се одгледува во редови и тоа на растојание мегу редовите 50-60 см. и во редот 5-7 см.но може и се уште некаде се практикува на помали површини садење во огништа со растојание некаде 50 х 30 см.а во секое огниште се стават 4-5 семки.

Боранијата се сее на длабочина од 3-6 см. а во зависност од големината на семето и густината на сеење за еден декар потребно е 8-15 кг.семе . За есенска и употреба како и за конзервирање се одгледуват покасни сорти,обично како втора култура после спанак ротквици ран компир салата и други окопни култури но сеењето да биде најдоцна до крајот на јуљи. И во овој период има одлични услови за одгледување на боранијата таа добро се оплодува и дава многу квалитетни мешунки и приносот е поголем. Со обзир на кратката вегетација Боранијата е интересна култура за одгледување и во заштитени простори и тоа најчесто во тунели се сеат ниски сорти во зависност од реонот и временските услови се сее средината на март.При одгледување во есен или пролет може да се користат пластеници без затоплување,а во текот на зимата или рана пролет мора пластениците да се загреват,бидејки боранијата е топлољубива култура кај која за растење и развивање и е потребна температура од 20-22 C 0 . Приносите од ниските сорти варираат од 800-1400кг/еден декар, а кај високите од 1500- 2000кг/еден декар. Хранливи и лековити својства Боранијата е богата со витамин К,и е многу здрав и хранлив зеленчук,кој во облик на сочни мешунки во полузрела состојба се користи во исхраната.Благодарение на нејзините биолошки и лековити својства зазема значајно место на нашата трпеза. Се препорачува да се готви бидејки свежа има штетни состојки. Освен со К, богата е со калциум,фосфор,магнезиум,железо,цинк,манган и кобалт. Исто изобилува со витамини Ц,Е а во најголема мера содржи витамин К. Заради својот специфичен состав представува совршена намирница за регулирање на нивото на шекер и холестерол во крвта.

 

Тагови

Слични написи

827 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close