Двор и градинаТоп вести

ИДЕАЛНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ ЗА ОБЛИКУВАЊЕ НА КАМЕНЕСТИ И КАРПЕСТИ ГРАДИНИ

(Oвој напис е објавен на: јуни 19, 2018)

 

Создавањето и обликувањето на каменестите и карпестите градини (алпинетуми) се најзабавните и најрекреативните начини на градинарството. Совршени се за сончевите градини, особено за градините со височини или падини, кои понекогаш предизвикуваат главоболка при планирањето на градината. Изградбата на карпести градини, му овозможува на градинарот неограничена игра со разновидни растителни видови, чиј израз би бил помал доколку истите се засадат на традиционален начин.

Убавина, колоритност, несекојдневност, отменост. Ова ќе бидат карактеристиките на Вашата градина, доколку одлучите во неа да направите алпинетум. Со добар сооднос помеѓу растенијата и камењата ќе добиете градина која ќе плени со својат изглед.

Со цел каменестите градини да изгледаат што е можно поприродно и да се долови природниот амбиент, односно да се отслика планинскиот или природниот пејзаж, потребно е да се изберат камења кои се вклопуваат во животната средина. Таквите градини ќе имаат впечатлив изглед, привлекувајќи ги притоа и погледите на случајните минувачи. Кај поставувањето на камења, нивната положба не треба да биде според некоја линија или шема. Помеѓу камењата, оставете место за растенија. Помалите камења поставете ги околу поголемите со цел да се создаде поприроден изглед. Ако градината се наоѓа на некоја височинка или рид, тогаш големите камења треба да се постават кон нејзиното дното.

При изборот на растенијата, потребно е да се изберат видови кои можат да поднесат суша, како би се овозможило каменестата градина да има што е можно пооригинален изглед. Се препорачуваат растенија со низок и среден раст, за да не се засени убавината на карпите и другите каменести творби. При садењето, важно е да се посвети внимание на одводнувањето на почвата – дренажата на земјиштето, така што нема да се акумулира вишок на вода при наводнувањето. Доколку е потребно, може да се додаде песок или компост, со цел да се подобри дренажата. Исто така, растенијата треба да бидат усогласени со климата и нивните потреби од сонце. Ползавците се убав детал на секој алпинеум, затоа што прекриваат дел од карпестата површина и одлично се вклопуваат во градината. Од нив може да се предвидат: бршленот со неговите многубројни вариетети (Hedera helix) – зимзелена ползавица или партеноцизусот (Parthenocissus spp.) – листопадна ползавица.

 

Во приземниот дел на алпинетумот, може да се засадат шумска јагода (Fragaria vesca), хризантеми (Chrysanthemum spp.), диво нане (Mentha spp.), чавкина уста (Antirrhinum spp.), млечки (Euphorbia spp.) и други.

Растенијата се совршен декор на каменестите и карпестите градини, а опсегот на видовите кои може да се користат е голем. Но, притоа, особено е важно да се имаат предвид карактеристиките на местото на кое се врши уредувањето, но и карактеристиките на одредени видови растенија, кои се особено важно за создавање на творби кои ќе овозможат рај за очи, но и ќе го задржат вниманието и на секој случаен минувач.

 

Чувар – куќа (Sempervirum spp.)

Чувар – куќата нема големи барања за одгледување, а привлекува со склопот од интригантни листови, налик на роза. Се наоѓа во широк спектар на нијанси и бои, но за да ги задржи своите живописни бои, чувар куќата мора да биде сместена на сонце.

Пустинска роза (Delosperma cooperi)

Со својата висина од околу 10 см, ќе придонесе секоја карпа да цвета од розеви цветови. Едноставна е за одгледување и цвета во текот на целото лето. За нејзиното одгледување потребно е да се обезбеди добра дренажа и сончево место.

Лаванда (Lavandula angustifolia)

Миризливите и лековити грмушки се интересен избор за карпестите градини, поради нивниот раст кој е во спротивност со другите растенија со лазечки раст. Лавандата е отпорна на суша, поради што и одговара сончево место и добра дренажа. Кај повеќето сорти на лавандата, цветањето почнува на почетокот на летото и трае до септември.

Приморски каранфил (Armeria maritima)

Има низок раст со убави розеви или бели цветови собрани во убав цвет. Едноставна е за одгледување, а идеална е за сончеви места или оние со слаба сенка. Цути во текот на јуни и август.

Рожец (Cerastium tomentosum) – Snow in summer

Сребрено белите ѕвездасти цветови потсетуваат на снегулки, но исто така, препознатливи се и листовите со сребрено сива нијанса. Овој сребрен тепих, одлично се вклопува во алпинеумот. Неговите бисерни цвеќиња ќе се истакнуваат цело лето.

Сина блескавица (Festuca glauca)

Украсна трева со низок раст (околу 20 см) која со своите ниски игличести листови создава декоративни заоблени грмушки. Поради својот специфичен изглед и бојата на листовите, соодветна е за многу карпести градини. За листовите да постигнат сиво плава боја потребно е многу сонце. Бидејќи се формираат цветни стебла, тие може да се отстранат за да може да се зачува сферичната форма.

Темјан (Thymus serpylum)

Медитеранско растение со лековито дејство, но и многу декоративно. Со магични мали виолетови цветови и мали листови, темјанот може да биде и ползавец. Неговата висина е до 10 см, а мирисните цветови ги привлекуваат пчелите и другите опрашувачи.

Аубрета (Aubrieta deltoidea)

Совршено се вклопува во алпинеумите, затоа што со својата појава дава одличен контраст на каменестиот дел. Претпочита сончева положба, но бара и повремено наводнување. Цути во текот на пролетта во различни бои, од сина, виолетова, розева, па дури и црвена.

Корално ѕвонче (Heuchera Sanguinea)

Популарноста на ова растение не се крие само во убавите црвени цветови, туку и во различните нијанси на листовите. После колапсот на цветот, со лисјата во бела, бронзена, кафеава и виолетова боја коралното ѕвонче и понатаму ќе биде интересен дел од алпинеумот. Не поднесува тешко глинено земјиште, туку благо алкално и неутрално. Ппотребна му е благо влажна земја и сончева положба.

Вербена (Verbena officinalis)

Со ниски барања за одгледување, вербена цвета од пролет до есен. Различните видови изобилуваат со виолетови, бели, розови, црвени и портокалеви нијанси. Претпочита сончево место со добра дренажа, така што не и е потребно често наводнување.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close