Бранот поскапувања не запира, Владата не кажува дали ќе продолжи замрзнувањето на цените
Инфлацијата не запира, а од Владата се уште нема „абер“ дали ќе им ново замрзнување на цените на основните производи.
Инфлацијата не запира, а од Владата се уште нема „абер“ дали ќе им ново замрзнување на цените на основните производи. Уште три дена цените на основните прехранбени продукти не смеат да бидат зголемени, согласно одлуката што минатата година ја донесе Владата, а со која се замрзнуваат цените на неколку вида производи, како млеко, месо, јајца, тестенини…
Како што веќе информиравме, владината одлука истекува за три дена, што ги загрижува граѓаните кои секојфневно се соочуваат со нови и нови поскапувања на основните намирници за живот, откако електричната енергија, гасот и горивата вртоглаво поскапеа.
Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури се продаваат по цени што ги имале на први декември годинава.
Според одлуката донесена во декември, ова правило може да биде продолжено и по 31 јануари 2022 година, ако состојбата на пазарот тоа го бара.https://faktor.mk/vladata-ushte-se-duma—branot-poskapuvanja-ne-zapira-taa-ushte-ne-kazuva-dali-kje-prodolzi-zamrznuvanjeto-na-cenite