вести

Бугарија – Се забранува учество на деца во реклами на ГМО-храна

Од 1 јануари 2017 година ќе се применуваат помали казни за производство и продажба на храна која содржи генетски модифицирани организми, предвидува новиот Закон за храна, усвоен од Министерскиот совет, по што треба да биде одобрен и од бугарскиот парламент.

bugarija se zabranuva uchestvo na deca vo reklami na gmo hrana

 

Одлуката на министрите е противречна на серијата претходни изјави на министерот за земјоделство Десислава Танева дека со законот ќе се зголемат санкциите за прекршителите, со што ќе се обезбеди поголема заштита на потрошувачите при набавката на храната, во случај таа да не одговара на параметрите напишани на етикетата на производот, објави „Сега”.

Во постојниот Закон за храна, во случај на прекршување на одредбите производителите или трговците со ГМО-храна се казнуваат со парична казна од 25.000 до 35.000 лева, додека за правни лица паричната казна изнесува од 50.000 до 70.000 лева. Co новите измени се предвидуваат казни од 2.000 до 4.000 лева, а за правните лица казните ќе изнесуваат од 4.000 до 6.000 лева.

Co законот, производите со ГМО се пуштаат во промет само со одобрение од Министерството за земјоделство и треба да имаат одделни ознаки на етикетата. Целосно се забранети генетско модифицираните состојки во храна за деца, пишува „Сега”.

Законодавецот предвидува забрана за рекламите за ГМО-храна со учество на деца. Ограничувањето се однесува не само за учество на малолетници во рекламите, но и за други форми на трговски пораки наменети за детска публика.

Од Министерството за земјоделство се уште не даваат објаснување за намалувањето на казните за прометот со ГМО-производи.

Агенцијата за храна објави податоци дека се пронајдени под 100 примероци на храна со присуство на ненајавени ГМО. Во 2014 година, на пример, кај осум примероци од направените 79 проби се пронајдени траги на ГМО во дозволените граници. Во согласност со законот, количеството на ГМО над 0,9 проценти мора да се објави на етикетата. Пред неколку години, Агенцијата за храна откри над 10 тони геномодифицирана соја во погон во Бургас, а суровината беше набавена од Украина за производство на пакувани ореви. Дел од нив биле пуштени во широка потрошувачка, без ознака на етикетата. Вообичаено генетски модификации има во изолати на соја, кои се користат за преработка на мелено месо, колбаси и други месни производи, како и во состојки од соја, која наоѓа примена кај кондиторските производи, вафли, бисквити и др. ГМО се пронаоѓаат и во млеко, грав, пченка за пуканки и во пченка во зрна.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close