fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поскапуваат бензините и дизелот – за 1,50 денари по литар

Зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,63% во однос на последната пресметка од 9 јуни 2025 година.

Зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што цените се зголемиле во просек:

кај бензините за 4,09%,

кај дизелот за 5,63%,

кај екстра лесното масло за 5,13%,

а кај мазутот за 5,69%.

Исто така, курсот на денарот во однос на доларот, кој се користи при пресметката, е понизок за 0,62% во однос на претходната пресметка.

Нови цени од 17 јуни (00:01 часот):
ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литар

ЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литар

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литар

Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар

Мазут М-1 НС: 39,779 денари/килограм

Со новата одлука:

Цената на бензините и дизелот се зголемува за 1,50 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар по литар.

Цената на мазутот се зголемува за 1,293 ден/кг.

Од РКЕ потсетуваат дека овие се максимални малопродажни цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско од утврдените граници.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close