fbpx
Вести

Бугарија запрела пратки на турските лимони и пиперки со пестициди, турското овошје и зеленчук кај нас се исправни

 

 

 

 

 

bugarija zaprela pratki na turskite limoni i piperki so pesticidi turskoto ovoshje i zelenchuk se ispravni images (1)

Царинските служби на Бугарија стопирале на границата пет пратки со овошје и зеленчук од Турција опасни за здравјето на луѓето. Според нивните медиуми, станува збор за лимони и зелени пиперки, но и сушени кајсии. Две пратки се зелени пиперки кои ја надминуваат содржината на инсектицидот хлорпирифос, а една е со висока содржина на акринатрин. Во нашиот државен Инспекторат за земјоделство велат дека земени се мостри за испитување од турското овошје и зеленчук, но пестициди не се најдени.

– Мострите што се земени од растителни производи за анализа на резидууми се негативни, што се однесува и на увозот и на извозот. Kај нас не се пронајдени никакви резидууми ниту кај пиперките ниту кај лимоните – велат во Инспекторатот.

Бугарските медиуми објавија дека во 5 тони лимони е најдена голема количина пестициди. Хлорпирифос го имало во количина 0,446 милиграми на килограм, што е 10 пати над безбедната граница за здравјето на луѓето. Исто така, запрена е пратка со сушени кајсии поради преголема содржина сулфит. Ова предупредување бугарските власти го добиле од системот за брзо предупредување за опасни храна и добиточна храна (РАСФФ) во Европската Унија. Хлорпирифос е дозволен пестицид кој се користи во повеќе од 100 земји во светот на површини од 3,4 милиони хектари. Но,, проблемот настанува поради несоодветното користење и непочитување на каренцата, односно времето што треба да помине од прскање до берба.

Од почетокот на годината во земјата не се дозволи увоз на краставици од Албанија. Црвеното светло кај инспекторите се запали кога се открија неколку тони краставици и домати со енормно количество пестициди наменети за македонскиот пазар. Некои од нив беа вратени во матичните држави, а други уништени. Само за споредба, лани од страна на инспекторите за храна поништени биле 115 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, од кои 100 тони грозје со пестициди.

Тагови

Слични написи

937 Comments

  1. Cuando tenga dudas sobre las actividades de sus hijos o la seguridad de sus padres, puede piratear sus teléfonos Android desde su computadora o dispositivo móvil para garantizar su seguridad. Nadie puede monitorear las 24 horas del día, pero existe un software espía profesional que puede monitorear en secreto las actividades de los teléfonos Android sin avisarles.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close