fbpx
ВестиТоп вести

Тежат  од род црешите на семејството Транталовски во Преспа

Преспа

 

 

 

Пере и Рахела Транталовски се овоштари од Преспа, родители на четири деца  чија егзистенција се потпира врз овоштарството. Деновиве целата фамилија е ангажирана на бебрата на црешите кои се од органско производство. Црешите тежат од богат род, а семејството  набраните плодови ќе ги пласира во големите супермаркети.

Транталовски обработуваат  над 10 хектари земјиште, од кои околу 7 хектари се насадени со јаболка и остатокот со нови насади од лешник и орев во атарот на селата  Евла и Горно Дупени. Годишно произведуваат  дури 10 тони свежа малина. Малината ја пласираат во околните градови Ресен, Охрид, Прилеп и во повеќе супермаркети. Произведуваат лешник и орев, млади насади. Производството на јаболка им е конвенционално, додека лешникот, оревот, малината и црешите се произведува органски.

Килограм органски орев на пазарот го продаваат  250 денари, не кршен и 600 денари чистен. Оваа година според нив е со најниска цена на оревот, односно заразлика од лани кога килограм орев се продаваше и до 900 денари за килограм. Според Транталовски, Турција ја диктира цената на оревот.

Овој производител вештачки ѓубрива не користи само  органски, шталски или преработени од калифорниски црви.

-Произведувам органски лешник, орев, цреша, малинки и конвенционално јаболка. Органското  производство подразбра производи не третирани со хемија. Значи не намалено, туку прекинато хемиско третирање. Ако порано употребувавме хемиски препарати, сега користиме органски препарати, а има производи за коишто не мора да се користат било какви препарати, како што се лешникот и оревот, објаснува Транталовски.

Тој се пожали дека  во последните години преспанските овоштари трпат големи загуби од продажбата и пласманот на јаболката, од временските прилики и од ниските откупни цени, особено последната година. Посевите не ги осигуруваат, бидејќи како што вели Пере не веруваат во осигурителните компаниизошто не им ги исплаќаат реално штетите.

-Приносите зависат од временските услови и од годината дали ќе бидат помалку, исти или повисоки. Но, токму од времето може да се случи и приносите да бидат катастрофални. Во органското производство имаме голем ризик, иако годинава со малинките, лешникот и оревот добро поминавме. Од црешите, задоволни сме. Проблем се јаболката. Товараме јаболка по 3 денари за килограм, консумно јаболко за Иран, додека индустриското јаболко, еден килограм го даваме за пола денар. Годинава од еден хектар добивме околу 70 тони, вклучително консумно и индустриско јаболко. Кај мене приносите беа пониски, бидејќи некои насади ми беа постари некои помлади,се пожали ПереТранталовски.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close