fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бура во Делчево, улиците под вода

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3.

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close