Цената на чоколадото драстично ќе поскапе
Една коцкичка на многумина омилената слатка, наскоро ќе биде многу поскапа. Оваа информација доаѓа по објавата за можното здружување на двата светски најголеми производители на какао. Имено, Гана и Брегот на Слоновата коска од каде доаѓа речиси две третини од светската количина на какао, веќе некое време преговараат за создавање на здружение по називот COPEC (англ. Cocoa Producing Countries).
Властите од двете западноафрикански држави сметаат дека со создавањето на картелот ќе успеат да ја поскапат цената на какаото и со тоа да ја зголемат заработувачката од одгледувањето.
Еден тон какао на пазарот се продава по цена од околу 2.500 долари, додека вредноста на глобалната продажба на чоколади се проценува на повеќе од 100 милијарди американски долари, од кои Гана и Брегот на Слоновата Коска успеваат да заработат околу четири милијарди годишно.
За да се зголеми профитот на одгледувачите, кои често живеат под линијата на сиромаштијата, властите во Гана и Брегот на Слоновата Коска решија од октомври кога почнува новата сезона на одгледување, да наплатат дополнителна премија од 400 американски долари, што значи дека цената на какаото може да поскапе за 15 отсто.
Новата премија беше поддржана од водечките производители на слатки, вклучувајчи го и швајцарскиот преработувач на какао, Бери Калебаут и американскиот Марс. Монделез има сличен став, во чии брендови спаѓаат Милка и Тоблероне. Тие сметаат дека наплатата на премија е „вистинската одлука“.
Но, и покрај поддршката на проивзодителите, повеќето од нив истакнуваат дека споменатото поскапкување најмногу ќе ги погоди потрошувачите.
Извор:Вечерпрес.мк