вестиМакедонијаТоп вестиХрана

Цените на храната во Македонија годинава ќе растат

Цените на храната во светот во 2020 година ќе растат, а Македонија нема да биде исклучок од овој светските тренд. Болестите на животните, намалувањето на бројот на животни придонесе за зголемување на цените на месо и млечни производи. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги потврдуваат прогнозите на ФАО и на ЕУ и велат дека и во Македонија цените на храна ќе растат

Цените на храната во Македонија во 2020 година ќе растат. Овој тренд на пораст на храната во светот е присутен во последниве неколку години, а според прогнозите на Организацијата на храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Европската Унија, тој ќе продолжи и во 2020 година.

Причина за порастот на цените на храната, според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, е болестите кај животните кој придонесоа за зголемување на цените на свинското и говедското месо, а тоа пак на другите производи.

Инаку светските цени на храната во декември 2019 година пораснаа трет месец по ред поради поскапувањето на цените на билните масла, чии цени пак се зголемија за 9,4 отсто во однос на ноември.

Според ФАО цените на храната во декември минатата година биле на највисоко ниво во последните пет години. Оттаму велат дека цените на храната во последниот месец од минатата година пораснале за 2,5 отсто во однос на ноември и се на  највисокото ниво од декември 2014 година.

извор:Вечерпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close