ВестиЕкологијаТоп вести

„Централните банки нема да можат да го спасат светот“: Климатските промени ќе ја предизвикаат следната финасиска криза

Книгата наречена „Зелениот лебед“ предупредува на потенцијалните сеизмички ефекти од климатските промени врз глобалниот финансиски систем, објави „Ројтерс“.

Од централните банки не може да се очекува да го спасат светот од климатските промени, се вели во новата книга на Банката за меѓународни порамнувања.

Во неа се повикува на глобална координација од владините политики до финансиските регулации.

Книгата наречена „Зелениот лебед“ предупредува на потенцијалните сеизмички ефекти од климатските промени врз глобалниот финансиски систем, објави „Ројтерс“.

Бројот на екстремни временски настани се зголеми за четири пати во последните 40 години. Само 44% од финансиските загуби предизвикани од тие загуби се опфатени во САД. Во Азија се опфатени само 7 проценти, а во Африка само 3 проценти.

– Мислам дека можеби сме на работ да видиме нешто што може да биде зад следната системска финансиска криза, изјави новинарот Луис Авасу Переира Да Силва, еден од водечките автори на книгата.

Ако започнат да се шират сценаријата за екстремните климатски услови, од централните банки, кои играат значајна улога во финансиската криза, можеби ќе треба да се повлечат како „последно средство за спас на климата“.

– Нема брзо решение, предупреди Переира Да Силва. „Централните банки нема да го спасат светот повторно“, истакна тој.

извор: Слободен печат

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close